Гундоган може да се пресели во Интер

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, може да го напушти клубот во текот на летото.

Според „Тутоспорт”, Интер ќе се обиде да го привлече 28-годишниот Германец на крајот од сезоната.

Менаџерот Пеп Гвардиола призна дека Гундоган не сакал да го обнови договорот со „граѓаните”.

Англискиот шампион е подготвен да го продаде играчот за 25 милиони евра.

Гундоган игра за Манчестер Сити од 2016 година, откако зеде учество во 43 натпревари во кои постигна 5 гола и три асистенции.

Треба да знаете
Последни објави