Кари стана лидер во историјата на НБА по бројот на тројки во плејофот

Кошаркарот на Голден стејт, Стеф Кари, постигна осум тројки на првиот меч од првото коло во НБА плејофот со Клиперс (121:104) и изби на врвот на вечната листа во оваа статистичка категорија.

Сега, Кари има 386 постигнати прецизни удари во плејофот.

Досега на врвот беше Реј Ален со 385 тројки.

Трето место е играчот на ЛА лејкерс, Леброн Џејмс со 370 тројки, но и без можност да ја зголеми оваа бројка, бидејќи неговиот клуб не обезбеди учество во разигрувањето за трофејот. 

Треба да знаете
Последни објави