Search

ПССЕ повика на меѓународна акција против перењето пари

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) изрази длабока загриженост за степенот на перење пари во земјите членки на Советот на Европа и притоа повика на зајакнување на националните механизми и меѓународна соработка за борба против оваа појава, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Во Резолуција, усвоена врз основа на извештајот на холандската пратеничка Мартин ван де Вен, ПССЕ истакнува дека овие „испраните” пари вообичаено се средства што им припаѓаат на богати бизнисмени, припадници на организирани криминални групи и високи функционери.

Според пратениците, за перење на парите се користат разни „дупки” во повеќе законодавства преку компании, често со седиште во Велика Британија или во нејзините прекуморски територии и преку помалку регулирани банки, особено во балтичките земји.

Собранието оценува дека многу од големите скандали со перење пари во Европа не се соодветно испитани од страна на националните власти.

ПССЕ даде и серија препораки до земјите членки на Советот на Европа, Европската унија и Комитетот на министри, со цел зајакнување на меѓународната борба против перењето пари, организираниот криминал и корупцијата.

Треба да знаете
Последни објави