Search

Прекини во сообраќајот на патот Кичево-Охрид поради минирање

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информира АМСМ.

Од 11 до 15 часот ќе има прекини на сообраќајот во времетраење од 15 минути поради изведување на минерски работи на патниот правец Кичево-Охрид во делот помеѓу Пресека-Врбјани. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради изведување на градежни работи- изградба натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Aвтопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. АМСМ апелира до сите возачи да не го користат автопатот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Треба да знаете
Последни објави