Search

Поетски портрет на Радован Павловски на Универзитетот ЕФТА

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА денеска напладне во драмското студио организира поетски портрет на поетот и академик Радован Павловски.

Во сценската изведба ќе учествуваат студенти од прва година на актерска игра, режија, композиција и звучен инженеринг,  под раководство на доц. Лилјана Котевска-Плевнеш, професор по македонски јазик.

На крајот на манифестацијата академик Павловски ќе има специјално обраќање со поетска порака до младите уметници.

Треба да знаете
Последни објави