Search

Одбиена жалбата на Атлетико за намалување на казната на Кошта

Атлетико Мадрид не успеа да ја намали казната на Диего Кошта од 8 натпревари, откако Апелационата комисија не ја прифати жалбата на клубот.

Вчера напаѓачот беше казнет поради неговото непристојно однесување за време на натпреварот против Барселона во Ла Лига. Кошта доби директен црвен картон за пцовки упатени кон судијата, а потоа му ја повлече раката за да го спречи да покаже жолти картони на неговите соиграчи. Дисциплинската комисија даде по четири натпревари за двата прекршоци.

Денес „јорганџиите” го префрлија прашањето на Апелационата комисија, но од таму објаснија дека не гледаат никаква причина за намалување на казната. Во принцип, санкцијата во прашање е минимум во овој случај. Максимумот е 24 натпревари.

Казната значи дека Диего Кошта повеќе нема да игра оваа сезона, откако остануваат уште седум круга.

Треба да знаете
Последни објави