Search

Најмалку 11 загинати во судири на Синај

Најмалку 11 лица загинаа во вооружен судир на египетските безбедносни сили и „група вооружени милитанти” во градот Аришу во северниот дел на Синајскиот Полуостров, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Египет.

Во соопштението не се посочени детали за судирите, како ни идентитетот на „вооружените милитанти”.

Судирите следуваат откако во двоен бомбашки напад на Синај во вторникот загинаа осум лица, а 27 беа ранети.

Од воениот удар во Египет во летото 2013 година со кој беше сменет од власта египетскиот претседател исламист Мохамед Морси, во реонот на Синајскиот Полуостров во североисточниот дел на земјата дејствуваа неколку исламистички вооружени групи, вклучително и припадници на џихадистичката Исламска држава (ИД).

Треба да знаете
Последни објави