Search

Ким Кардашјан ќе полага правосуден испит

Ким Кардашјан поминува 18 часа неделно учејќи за да го положи правосудниот испит и до 2022 година да стане адвокат. Старлетата во едно неодамнешно интервју за „Вог“ откри дека и покрај занимавањето со реалното шоу, убавината, рекламите и семејството, сепак успева да најде време да учи за правосудниот испит, а минатата година станала приправник во адвокатска канцеларија.

„Читањето навистина ме привлекува, толку е долготрајно“, рече таа додавајќи дека бргу го усвојува материјалот што треба да го совлада пред испит.

https://www.instagram.com/p/BwFcGCHhT1X/?utm_source=ig_web_copy_link

Кардашјан призна дека отсекогаш била заинтересирана за кривичното право бидејќи нејзиниот татко, Роберт Кардашјан, бил познат американски адвокат. Сепак, желбата да се школува ѝ се јавила по состанокот со Доналд Трамп.

„Седев во собата на Рузвелт со судија што осуди многу криминалци и со многу важни и моќни луѓе и си помислив: ‘По ѓаволите, треба да знам повеќе’“, рече Ким.

Треба да знаете
Последни објави