Search

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Судан

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница за ситуацијата во Судан, соопшти портпаролот на мисијата на Русија во ОН, Фјодор Сржижовски.

Тој за „Тас“ рекол дека по консултациите за Колумбија, би требало да се разговара за Судан.

Според претходни најави, САД и Европската Унија, побарале консултациите во СБ на ОН за Судан да се одржат зад затворени врати.

Суданската војска го симна од власт претседателот Омар ел-Башир, го суспендира уставот, ги распушти парламентот, владата и локалните власти и прогласи тримесечна вонредна состојба.

Формиран е и воен совет кој ќе управува со државата две години.

Треба да знаете
Последни објави