Тоти ги изненади сите со изјавата за дуелот помеѓу Јувентус и Ајакс

Франческо Тоти целата своја кариера ја помина во дресот на Рома, а Јувентус беше еден од неговите најголеми ривали.

Тоти беше запрашан за коментар за дуелот помеѓу Јувентус и Ајакс во четврт-финалето од Лигата на шампионите, а тој изненади со својот одговор.

„Јувентус во Лигата на шампионите? Имав гости на вечера и не го гледав целиот натпревар против Ајакс. Во четвртфиналето сите натпревари се тешки, секој може да победи секого, но се надевам дека во следната фаза ќе се пласира италијанскиот тим“, изјави Тоти.

Да потсетиме, дуелот на „Амстердам Арена“ заврши нерешено (1:1), а реваншот се игра идниот вторник во Торино.

Треба да знаете
Последни објави