Не престанува да ги подгрева шпекулациите: Азар со коментар за враќањето на Зидан во Реал Мадрид

Фудбалерот на Челси, Еден Азар уште еднаш и тоа како ги подгреа шпекулациите за неговата евентуална преселба во Мадрид.

Белгиецот истакна дека е задоволен што Зинедин Зидан по кратко време се вратил во тренерските води.

– Не сум фудбалер на Реал Мадрид, но како фан на Зидан, многу ми е мило што се врати во фудбалот затоа што тој му е потребен на овој спорт. За Реал и нивните фанови ова е добра вест, за другите тимови не толку добра, затоа што со Зидан, Реал освои многу трофеи, -истакна Азар.

Потоа фудбалерот на Челси се обиде да се „извади“ за коментарот потенцирајќи дека не сака да зборува за неговата иднина во овој момент.

– Мојата иднина не е нешто за што сакам да зборувам во моментов. Има шпекулации за мене, но јас сум фокусиран на последниот месец со Челси, -заврши одличниот фудбалер.

Треба да знаете
Последни објави