Инсиње: Мораме да признаеме дека Арсенал беше подобар

Фудбалерите на Наполи синоќа беа поразени од Арсенал со 2:0 и на реванш натпреварот кој го играат на домашен терен ќе имаат тешка задача за пласман во следната фаза од Лига Европа.

Инсиње призна дека Арсенал биле подобри и дека на неговата екипа ѝ недостасувала храброст на почетокот од натпреварот.

„Се уште размислувам за шансите што ги промашивме, гол би променил се. Немавме храброст на почетокот и тоа не чинеше“, изјави Лоренцо Инсиње и додаде:

„Но, сега нема корист од плачење и мораме да признаеме дека Арсенал беше едноставно подобар од нас. Ние веќе размислуваме за реваншот и веруваме дека можеме да дојдеме до пресврт“, изјави Лоренцо Инсиње.

Треба да знаете
Последни објави