Search

Уапсен припадник на египќанската заедница осомничен за воени злосторства во Косово

Секторот за истрага на воени злосторства при полицијата на Косово уапси денеска едно лице, припадник на етничката заедница на Египќаните, осомничено за воени злосторства во Косово во 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на полицијата се наведува дека на осомничениот, по кого била распишана потерница, надлежен обвинител му одредил мерка притвор.

Потерницата за споменатото лице е издадена од Специјалното обвинителство на Република Косово поради основано сомневање дека извршил кривично дело „воени злосторства против цивилно население”, се вели во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави