Search

Силјановска удри врз власта од 90-тите, каде беше министер во тоа време

Силјановска удри врз власта од 90-тите, каде беше министер во тоа време

Претседателскиот кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Годрана Сиљановска Давкова има митинг во општина Центар.

„30 години сме закопани во транзицијата, никако да влеземе во демократска консолидација. Секоја приватизација е грабеж и првобитна акумулација на капиталот. Англиските економисти велат дека во 19 век, овците ги изеле луѓето во Англија. Во Македонија политичарите и менаџерите на оваа власт во 90-тите години ги изедоа граѓаните и работниците. Преку ноќ се создаде една олигархиска група која не знае што да направи со парите. Затоа е шокантно кога социјалдемократите се фалат со енормни богатства“, истакна Сиљановска.

Зачудува фактот што токму Силјановска во 1992 и 1993 година беше министерка без ресор во владата на СДСМ, кога премиер беше Бранко Црвенковски, а денес удри врз таа Влада.

Во времето кога таа била министер во Владата на СДСМ, сегашните министри биле со средно образование или на факултет.

Нејзиниот сопруг имал и фришоп во тие “времиња на транзицијата”, за што и Силјановска го потврди постоењето на фришопот во една изјава за Сител.

Во врска со информациите дека нејзиниот сопруг имал лиценца за отворање на фришоп, која ја добил додека таа бил дел од Владата на СДСМ во 90-тите години, Силјановска порача дека прашањето треба да го одговори тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчковски.

-Фришопот постоел, тоа не го негирам, но не сум учествувала во никакво доделување – рече Силјановска во неодамнешното гостување на Сител телевизија.

Извор: Центар.мк

Треба да знаете
Последни објави