Search

Претседателот Вангеловски ќе се поднови со автомобил БМВ од 40.000 евра

Вангеловски ќе се поднови со автомобил БМВ од 40.000 евра

И претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски ќе се вози во ново „БМВ“ вредно над 40.000 евра. Врховниот суд вчера донесе одлука за набавка на ова возило од компанијата М-Кар. Станува збор за потполно исто БМВ какво што неодамна набави и Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски. Тогаш Караџовски кој е и претседател на Судскиот буџетски совет кој ги одобрува парите за возилата, во изјава за Тв 24 кажа дека најмогу пари одобрил за судот со кој раководи како и за неговиот колега-претседателот на Врховен, Вангеловски.

Јово Вангеловски пак во телефонски разговор за тв24 изјавил дека БМВ-то воопшто не го смета за луксуз.

„Воопшто не го сметам за луксуз, тоа е далеку под стандардите кои треба да ги има службено возило за претседател на Врховен суд, имајќи во предвид какви се стандардите во Европските Врховни Судови. Ќе се возам само за службени потреби бидејќи приватно се возам во „Мерцедес“ кој е далеку полуксузно возило. И немам причина да уживам во возењето со службеното возило кое е значително поскромно од моето приватно возило“- изјави Вангеловски.

Инаку според анкетниот лист, Вангеловски во антикорупциска пријавил дека има 4 стана, деловен простор, градежно и земјоделско земјиште. Вози „Мерцедес Хибрид“ вреден 60.000 евра, а е сопственик и на три друго автомобили, „Лексус“, „Тојота“ и „Крајслер“.

Прашан пак зошто не се обидоа за пониска сума да купат лимузина од друга марка, на пример Шкода, Вангеловски одговори:

„Мислите дека му прилега на претседател на суд да се вози во Шкода“- изјави Вангеловски.

Вангеловски неопходноста од набавката на новото БМВ ја правда со тоа што „Мерцедесот“ во кој сега се вози бил во фаза на распаѓање, стар над 20 години и со поминати над 300.000 километри. А судот го добил така што бил одземенево некоја кривична постапка.

Вели дека само тој и Караџовски успеале да набават ваков тип на БМВ по таа цена, бидејќи ги купиле на попуст.

Денес и Управниот суд се поднови со нова „Шкода суперб“ вредна 32.000 евра. А набавките на возила во другите судови веќе се во тек или завршени. Така покрај БМВ-то Врховниот суд неодамна набави и „Опел Астра“ за 16.000 евра. А вкупната набавка пак кај Караџовски исто изнесуваше 57.000 евра, зошто покрај БМВ-то и за Судскиот совет е набавена и „Опел Астра“ за 16.000 евра.

Треба да знаете
Последни објави