(Видео) Се запали популарeн хотел во Бангкок, човек скокнал од облакодерот

Пожар изби попладнево во хотел популарен кај туристите кој се наоѓа на 57 кат од една зграда во Бангкок, на Тајланд, пренесува РТ.

Пожарот избувна во хотелот „Центара гранд“ во трговскиот центар „Централворлд“ околу 18:00 часот по локално. Од зградата излегуваат облаци од црн чад, а најмалку едно лице загинало откако скокнало од шестиот кат на зградата за да избега од пожарот.

Шокантни снимки споделени на социјалните мрежи го покажуваат чадот што излегува од запалениот облакодер.

Треба да знаете
Последни објави