Search

Образовниот синдикат во Грција започнува штрајк в петок

Синдикатот на наставници во средните училишта во Грција (ОЛМЕ) ги повика сите свои членови да се приклучат на 24-часовен штрајк в петок поради промените во системот за високо образование што ги најави владата, според „Катимерини“.

Во соопштението на ОЛМЕ се повикуваат наставниците и родителите да се приклучат на протестите против новиот закон предложен од владата, кој се однесува на промените во наставниот план и програма во последната година од средното образование и на приемните испити на факултетите.

Наставниците и учениците се жалат дека промените ќе доведат до дополнителен притисок врз учениците и ќе создадат систем кој го обесхрабрува критичкото размислување.

ОЛМЕ, која се здружи со здружението на родителите, објави протестни митинзи во Атина, Солун и во други градови во Грција почнувајќи од петок попладне.

Треба да знаете
Последни објави