Мигранти под истрага за бомбардирањето на канцеларијата на „Лига“ на Салвини

Двајца марокански мигранти во Италија се под истрага во врска со бомбашкиот напад врз канцеларијата на партијата „Лига“ на Матео Салвини, пренесува „Ил џорнале“.

Нападот се случил во јануари и притоа експлозивната направа ја уништила влезната врата на канцеларијата на „Лига“ во Сан Валентионо Торио, но левичарските политичари се потсмеваа со настанот нарекувајќи го божиќен огномет.

Обвинителите велат дека двајцата главни осомничени за нападот се 41-годишниот Абдерахим С. и 37-годишниот Моктар Ј., кои се осомничени за детонирање на експлозивот. Осомничените биле идентификуван со помош на видео надзорот.

Маријано Фалконе, регионален заменик-координатор на „Лига„ во Салерно, вели дека иако штетата во зградата не била голема, тоа е напад врз Матео Салдини и врз „Лига” и го нарече нападот вознемирувачки.

Припадниците на екстремно левиот Автономен универзитетски колектив предизвикаа контроверзии со објавување постери во кои се повикуваше на атентат на Салвини.

„Не смееме да го спуштиме гардот”, рече Фалконе и предупреди на новите групи кои се однесуваат како екстремно левичарските терористи кои вршеа насилства во Италија во 1970-тите.

Еден таков левичарски терорист, Чезаре Батисти, неодамна призна дека убил неколку луѓе за време на таа ера откако беше депортиран од Бразил од страна на популистичкиот претседател Јаир Болсонаро.

Ова не е првпат партиските канцеларии на Салвини да бидат нападнати со експлозив. Во август минатата година, канцеларијата во Тревизо беше нападната од екстремно левичарските анархисти од Антифа, кои подоцна презедоа одговорност за бомбардирањето.

Нападот беше со две одделни експлозивни направи, кои требаше да привлечат полицајци и други во областа каде што требало да експлодира втората бомба, полна со клинци и метални фрагменти. Полицијата успеа да го декативира вториот уред пред да експлодира.

Треба да знаете
Последни објави