Search

Меј од лидерите на ЕУ побара краткорочно одлагање на брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, вечерва пред лидерите на ЕУ истакна дека е подготвена да прифати одлагање на брегзит, но под услов тоа одложување да биде на краток рок.

Како што за „Ројтерс“ пренеле официјални претставници на ЕУ, настапот на Тереза Меј на самитот во Брисел бил поцврст од вообичаено.

Обраќањето на Меј пред лидерите на 27 членки на ЕУ траело повеќе од еден час, по што ги оставила да донесат одлука за должината на одложувањето на брегзит и за тоа дали ќе воведат нови услови за Лондон по однос на ова прашање.

Официјалните претставници на ЕУ, исто така, соопштиле дека во презентацијата на Тереза Меј недостасувале многу прецизни појаснувања и дека дури и по обраќањето, лидерите на ЕУ сé уште имаат многу отворени прашања.

Лидерите на ЕУ во Брисел на вонреден самит дебатираат за продолжување на рокот за британски излез од Унијата.

Треба да знаете
Последни објави