Search

За најдобрата работа на светот се пријавиле 40.000 луѓе: Милионерот кој бара асистент доби и брачни понуди

За најдобрата работа на светот се пријавиле 40.000 луѓе: Милионерот кој бара асистент доби и брачни понуди

Младиот бизнисмен Метју Лепре кој бараше асистент да патува со него по светот и да му помаѓа со работата, објави дека добил околу 40.000 пријави за работа.
Потенцијалниот работник би примал околу 32.000 евра (годишно) и ќе престојува во најлуксузните хотели ширум светот.
„Најдобрата работа на светот “, гласеше неговиот оглас, а како што вели Метју, освен пријава за работа добил и брачни понуди.
– Добив повеќе од 40.000 пријави од сите страна од светот, а од сите кандидати дури 75 посто беа жени, а другите мажи. Добив и неколку понуди за брак, вели тој.
Овој млад човек своето богатство го стекнал сам кога имал 23 години ги напуштил студиите, и започнал со сопствен бизнис и денеска месечно заработува околу 70 илјади евра.
Треба да знаете
Последни објави