(Видео) Русија тестираше суперсоничнa ракетa брзa како молња

Екипите на два воени брода на Црноморската флота ги тестираа способностите на ракетата П-270 Москит.

Во поморската вежба беше реализиран успешен ракетен напад на целта оддалечена околу 55 километри, според извештајот на телевизијата „Звезда”.

П-270 Москит е суперсонична ракета наменета да ги уништи непријателските воени бродови на растојание до 90 км. Проектилот лета близу површината со цел да се избегне рано откривање на радарите и се потпира на својата голема брзина и брзо маневрирање.

Корветата „Ивановец“ носи четири такви ракети, од кои секоја има 150 килограми експлозив во боевата глава – доволно за да потоне брод од 20.000 тони.

Треба да знаете
Последни објави