Австрискиот министер за внатрешни работи бара формирање трибунали за борците на Исламската држава

Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл денеска објави дека е покрената иницијатива за формирање трибунал за борците на терористичката Исламска држава во подрачјето околу бојното поле.

„Тоа е поефикасно отколку судската постапки да се води во Австрија”, изјави Кикл пред новинарите пред тековната седница на австриската влада.

Тој рече дека го испратил писмото до Европската комисија и додаде дека ќе го координира ова прашање со австриската министерка за надворешни работи, Карин Кнајсел.

Како пример, Кикл ги наведе претходните трибунали за Руанда и поранешна Југославија.

Слично на тоа, посети тој, предложи поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте и додаде дека во реализацијата на оваа иницијатива би била пожелна соработка со ОН.

Треба да знаете
Последни објави