Гвардиола: Ја имавме контролата, но резултатот не е најдобар

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека неговите фудбалери синоќа го контролирале натпреварот, иако на загубија со 1:0.

Тотенхем синоќа славеше со 1:0 на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против „Граѓаните“, па избраниците на Гвардиола ќе мора да надоместат најмалку еден гол заостаотк на реваншот.

„Не само пеналот, ние имавме многу други шанси. Имавме контрола на натпреварот, не им дозволивме многу да трчаат. Резултатот не е најдобар, па ќе мора да направиме пресврт за пласман во следната фаза“, изјави Пеп Гвардиола и додаде:

„Ова беше типичен натпревар од Лигата на шампионите, а овој пат барем резултатот е подобар од четвртфиналето минатата сезона“, изјави Пеп Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави