Како да запрете такси насекаде низ светот?

Доколку ви е потребно такси, доволно е да се јавите на бројот на некоја од такси-компаниите или пак едноставно да излезете на улица и да замавнете со раката. Кај нас е лесно, но како е во другите земји ширум светот?

 

Во Русија, слично како кај нас, едно најобично мавтање со раката може да ви „улови“ такси.

Запирањето на такси е лесно и во Англија, со тој исклучок што во оваа земја е задолжително клиентот да се вози на задното седиште, а од возачот да биде одделен со стакло. Доколку се обидете да седнете напред, британските возачи ќе го сметаат тоа за непотребен и некултурен гест. Кај нас не е важно дали ќе седнете напред или позади, сѐ додека платите за возењето.

Што се однесува до Франција, доколку пластичниот знак со текст TAXI е осветлен, тоа значи дека автомобилот е слободен и може да се запре – освен ако во близина нема такси-станица. Доколку сте во близина на такси-станица, таксистите нема да застанат бидејќи очекуваат да фатите возило од станицата. Исто така, кога влегувате во француско такси не заборавајте да кажете „bonjour“, а на крајот од возењето е обичај да оставите бакшиш од 10%.

За разлика од Европа, на азискиот континент работите стојат поинаку. На пример, луѓето во Јапонија најчесто користат железница, било да е тоа воз или метро. Возењето со такси во оваа земја е престиж и поради тоа повикувањето на возило се извршува само преку телефонски повик. Од некоја непозната причина, јапонските таксисти возат во бели ракавици.

Во повеќето земји од третиот свет, таксистите решаваат сами да ви пристапат ако забележат дека пешачите. Не само што немате потреба да викате такси, туку веројатно таксистот ќе дојде со намера да ве убеди да се качите кај него.

Треба да знаете
Последни објави