Кабинетот на пакистанскиот премиер Имран Кан се запали денеска, поттикнувајќи евакуација на вработените поради инцидентот, изјави извор за „Спутник”.
Пожарот избил на шестиот кат од зградата, а премиерот Имран Кан во тоа време бил на состанок еден кат подолу и подоцна бил евакуиран.
Според други извори, пак, Кан продолжил со состанокот и одбил да биде евакуиран додека не ја заврши започнатата работа.
Веста доаѓа откако претходните извештаи посочија дека не е јасно дали Кан бил во зградата. Во исто време, „Интернешнел њуз“ објави дека Кан заминал во резиденцијата во Банигала.
Спасувачките служби пристигнаа на местото на настаноти го изгаснале пожарот, а најверојатната причина за инцидентот бил дефект во електричната мрежа, информираат од полицијата.
Портпаролот на премиерот Кан посочи дека нема сознанија за уништени важни документи во пожарот. Истрагата е во тек.