Бугарија заплени 1,5 тон марихуана на границата со Србија

Бугарската погранична полиција на граничниот премин со Србија заплени 1500 килограми марихуана сокриен во камион, соопшти шефот на царинската управа, Ѓорги Костов.

Надлежните пронашле канабис сокриен меѓу линолеум за време на рутински контроли на царинскиот премин „Калотина“ по полноќ, рекол Костов, пренесе Ројтерс.

Властите бараат српски возач, кој успеал да побегне во шума во близина на градот Сливница.

Треба да знаете
Последни објави