Брамерц: Геноцидот во Руанда беше планиран напад

Геноцидот во Руанда беше планиран напад со цел уништување на групата Тутси, кој беше осмислен на највисоко ниво, се наведува во денешното соопштение на обвинителот Серж Брамерц од Канцеларијата на обвинителството на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови по повод 25 години од геноцидот.

Во говорот, кој денеска го објави неговата Канцеларија, Брамерц нагласи дека комерморацијата е момент да се потврди заедничката посветеност други да ги трпат ужасите од геноцидот.

Тој потсети на важната улога на Меѓународниот кривичен суд за Руанда кој 61 лице осуди за највисока одговорност за геноцид.

-За Кривичен суд како што е Механизмот, работата останува недовршена се додека бегалци се на слобода, истакна Брамерц. Тој го осуди негирањето на геноцидот во Руанда во сите негови облици и манифестации.

– Идните генерации мора да ја знаат опасноста од идеологијата на геноцидот. Тие мора да ја знаат вистината за да можат цврсто да го отфрлат негирањтео на геноцидот во секој момент и на сите места, истакна Брамерц.

Во 1994 година, владејачкото племе Хуту уби 800 илјади припадници на малцинското племе Тутси. Убиени се 20 отсто од жителите на Руанда, односно 70 отсто од припадниците на племето Тутси.

Треба да знаете
Последни објави