Уапсен скопјанец кој се барал за затајување на данок

Скопјанецот Б.К.(37) кој се барал за издржување на една година затвор бил уапсен вчера на ГП „Табановце“.

Според полицијата, вчера во 14.10 часот при пасошка контрола било констатирано дека Б.К. бил предмет на потрага за издржување казна затвор во траење од една година за кривичното дело затајување по член 239 став 1 од Кривичниот законик . Б.К. бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

Треба да знаете
Последни објави