Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора заедно во вежбa против сајбер криминалот

Денеска во Белград започнаа регионални вежби со симулирање на случаи на сајбер криминал и финансиски истраги на експерти од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, каде што претставници на полицијата, дигитални форензичари, обвинители, судии и експерти од администрацијата за перење пари ќе учествуваат на настанот до 11 април.

Вежбата iPROCEEDS се спроведува во рамките на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа, а во следните четири дена експертите ќе се обидат да симулираат услови од вистинскиот живот за лоцирање и запленување на имотот што произлегува од кривични дела на интернет.

Треба да знаете
Последни објави