Search

Путин и Ердоган разговараа за противвоздушниот систем С-400

Рускиот претседател, Владимир Путин разговараше во Кремљ со својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган за испораката на противвоздушен систем С-400 и други проекти, во рамките на билатералната воена соработка, соопшти руското претседателство.

Путин изјави дека со Ердоган разговарал за зајакнување на воената и техничката соработка помеѓу двете земји и додаде дека прв чекор во таа соработка е испораката на системите за противвоздушна одбрана С-400 во Турција.

Ердоган, кој престојува во Русија, трет пат од почетокот на годината, повтори дека првата испорака на С-400 ја очекува во јуни.

Администрацијата на САД побара од Турција да избере помеѓу рускиот С-400 и американските авиони Ф-35. Американците потоа ја сопреа испораката, по одлуката на Анкара која се определи за руската воена опрема.

САД и другите членки на НАТО наведоа дека рускиот систем не е компатибилен со сојузничките системи и дека претставува закана за безбедноста.

Треба да знаете
Последни објави