Околу 1 од 4 возрасни Јапонци во 20-тите и 30-тите години од животот е девица, според најновата студија

Возрасните Јапонци првото хетеросексуално искуство го имаат подоцна од своите колеги во САД и Велика Британија, според една нова студија.

Експертите за јавно здравје на Универзитетот во Токио откриле дека сексуалното неискуство е во пораст во земјата, а процентот на жени на возраст од 18 до 39 години кои никогаш немале сексуален однос се зголемил на 24,6% во 2015 година, од 21,7% во 1992 година.

Промената беше поголема кај мажите на иста возраст, со 25,8% девици во 2015 година од 20% во 1992 година.

„Сексуалното неискуство стана национален проблем во Јапонија, но претходните извештаи не го испитуваа трендот кај различни возрасни групи и социо-економски средини”, изјави Питер Уеда, истражувач на јавното здравје на Универзитетот во Токио и автор на студијата која беше објавена во понеделникот.

За споредба, истражувањата од Велика Британија, САД и Австралија укажуваат на тоа дека стапките на хетеросексуално неискуство се помеѓу 1% и 5% кај возрасни лица во или околу нивната 30-та година, се наведува во студијата, која беше објавена во списанието BMC Public Health.

Студијата го дефинира хетеросексуалното искуство како вагинален однос помеѓу мажите и жените. Таа не ги вклучуваше одговорите на оние што се идентификуваа како ЛГБТК или асексуални, и претпоставуваа дека сите брачни двојки имале секс.

Во извештајот е констатирано дека поголем процент на мажи со пониски примања останале сексуално неискусни во споредба со жените.

Прашањето за наталитетот е важно во Јапонија, бидејќи нејзиното население старее брзо.
Јапонија веќе се смета за „супер стара” нација – што значи дека повеќе од 20% од нејзиното население е постаро од 65 години. Само 946.060 бебиња се родени во 2017 година, што е рекордно најниско ниво откога започна официјалната евиденција во 1899 година.

Треба да знаете
Последни објави