Ердоган одржа брифинг со медиумите пред да замине за Моксва

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска повтори дека Западниот Брег „во секој случај е територија на Палестинците”, јави агенцијата Анадолија.

На средба со медиумите на аеродромот „Ататурк” во Истанбул пред да отпатува за Русија, Ердоган ги критикуваше изјавите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој вети дека по изборите во Израел ќе го анектира окупираниот Западен Брег.

Ердоган рече дека се што прави Нетанјаху е спротивно на меѓународното право.

– Западниот Брег секако, е територија на Палестинците, додаде турскиот претседател.

Во врска со соработката меѓу Турција и Русија, тој рече дека таа расте и се зајакнува.

– Нашата соработка постојано расте и зајакнува. Состаноците на Високиот совет за соработка кој го основавме во 2010 година, продолжуваат на ист начин со институционален карактер, рече Ердоган.

Ердоган информираше дека на средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговараат за билатералните односи меѓу двете земји, како и за глобалните и регионалните теми, пред сè за Сирија.

– Анкара во целост е подотвена за нова воена операција во Сирија, изјави Ердоган. Тој информира дека Турција ги завршила сите неопходни подготовки во подрачјата долж сириската граница.

– Ќе разговарам за тоа на билатералната средба со Путин, рече Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави