(Видео) Марк Џејкобс се венча со својот долгогодишен партнер

„Сè е во деталите. Пингвините во целиот свој живот имаат еден партнер. Одличен пример за верност“.

Со овие зборови Марк Џејкобс (54) се пофали дека тој и неговиот долгогодишен партнер, Чарли Деранческо (38), се венчале.

Еден од најомилените дизајнери на познатите се венча со поранешниот манекен во ресторанот „Грил“ на Менхетн.

Во известувањето за социјалните медиуми, Марк, покрај свршеничкиот прстен, особено ги истакна манжетните во облик на пингвин, кои им ги подари Фабио Замбернарди, дизајнер на Прада и на Миу Миу.

На спектакуларна свадба меѓу гостите беа и Наоми Кемпбел (48), Кејт Мос (45) и нејзината ќерка Лајла Грејс (16), Џиџи Хадид (23) и Емили Ратајковски (27), но исто така и други познати модели.

„Ова беше свадба на годината, им ја посакувам целата среќа на светот“, рече Наоми.

Со отворањето на завесата на свадбената забава се појави петкатна торта, а новите брачни другари почнаа да се хранат еден со друг.

Марк му ја побара раката на Чар, како што го нарекува Чарли, пред една година за неговиот роденден во мексикански ресторан за брза храна во Њујорк.

Треба да знаете
Последни објави