Search

Бетина Рауш во Кичево: Се видов со Курц и ми кажа да ги поздравам пријателите од ВМРО-ДПМНЕ

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во Кичево приствуваше Бетина Рауш, претседател на политичката академија од редовите на Австриската народна партија. На митингот приствуваа и членови на парламентот во Салзбург и седум градоначалници на општини и градови од редовите на австријската народна партија со нивните соработници.

Бетина Рауш истакна дека ја посетиле Македонија затошто имале голема желба да се запознаат со што поголем број на граѓани од Република Македонија и поголем број на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес имав средба со вашиот претседател, Христијан Мицкоски, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев и со амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар кој рече дека е важно што ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, дека учествува во институциите кој за разлика од многу балкански земји кадешто имаме многу партии кои се надвор од институциите, и тоа е добра оценка за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Бетина Рауш.

Таа каже дека треба да упати поздрав до кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова од австрискиот канцелар, Себастијан Курц.

„Се видов со него и ми кажа поздрави ги нашите пријатели во Македонија, поздрави ги нашите пријатели од ВМРО-ДПМНЕ. Се сеќаваме на 2015 и 2016 година кога заедно со македонската армија, полиција сите заедно повеќе земји ја затворивме западно-балканската рута. Така што одиме заедно и Македонија ја има поддршката за членство во ЕУ од Австрија и Себастијан Курц“, рече Рауш.

Таа додаде дека македонскиот народ може да смета на Гордана Силјановска Давкова со што граѓаните ќе ја подржат на престојните претседателски избори бидејќи таа е за владеење на правото, таа е за правда во Македонија .

Треба да знаете
Последни објави