Салвини формира сојуз на екстремно десничарски партии

Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини денес се состана со лидерите истомисленици од европските десничарски партии со цел формирање на поширок сојуз пред изборите во Европа следниот месец.

Салвини од антимигрантската Северна лига изјави дека коалицијата што ја формира со Марин Лепен, лидерката на француското десничарско Национално обединување, „ќе биде голем настан за Европа во следните 30 години”, објави АП.

Салвини се состана денеска во Милано со лидерите на Данската народна партија, Финската партија и Алтернативата за Германија.

Питер Кофод Поулсен, водечки кандидат на Данската народна партија за изборите за Европскиот парламент, во изјавата рече дека тие партии сакаат да формираат нова група партии со заеднички интереси по европските избори следниот месец.

Треба да знаете
Последни објави