Поранешниот телохранител на Мијалков се предаде три месеци по инцидентот во „Аква“

Поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, Драганчо Стоименов(40)познат како Дацо Белски по речиси три месеци  бегство по вооружен инцидент самиот се предал, дознава 1ТВ.

Тој  во присуство на адвокат утринава се пријавил во Основното јавно обвинителство во Кочани. Обвинителството останува на предлогот  судијата во претходна постапка  да му одреди мерка притвор, поради бегството но и да не ја попречува истрагата.

Стоименов во јануари со пиштол пукаше во Драган Здравев(33) од Кочани во угостителскиот објект „Аква“ во Кочани. Здравев го преживеа нападот со тешки повреди, а Стоименов доби кривична пријава за обид за убиство.

Стоименов беше клучниот сведок во случајот „Детонатор“, а во кој за рекетарство, перење на пари, поставување на бомби и покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница, но и повод да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот  началник на СВР-Штип.

Осудените од кои дел и со доживотни казни затвор тврдеа дека се жртви на Стоименов. Токму во тој период на Стоименов  беа поставувани и бомби под автомобилите, пукано со ловџиска пушка, а беше ранет откако во него пукаше и Александар Василевски-Нинџа.

 

Треба да знаете
Последни објави