Search

Атлетико поразен против Барселона во финишот

Барселона со 2-0 го победи Атлетико Мадрид и на седум кола до крајот на сезоната има дури 11 бодови предност пред тимот на Диего Симеоне.

Диего Симеоне кој ја нема победено Барселона со Атлетико Мадрид, не успеа да го направи тоа ниту денеска, а еден од најголемите виновници беше и Диего Коста.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид направи голема глупост во 28. минута, заработи директен црвен картон поради пцуење и го остави својот тим со играч помалку.
Барселона беше надмоќна на теренот, но предноста од играч повеќе ја искористи дури во 85. минута кога Луис Суарез погоди за водство од 1-0.Меѓутоа Атлетико пред се благодарение на одличниот Облак одолеваше на Барселона се до завршницата кога прво Суарез со еден милиметарски прецизен удар го отвори резултатот во 85 минута за да во 87 Меси зголеми на 2-0 и ги потврди трите бода.
Веќе во следниот напад Лео Меси зголеми на 2-0 и го постави конечниот резултат.
На седум кола до крајот на шампионатот Барселона има бодовна разлика која не е замисливо да биде стигната, тие имаат 73 бодоци, 11 повеќе од Атлетико Мадрид, и 13 од Реал Мадрид.
Треба да знаете
Последни објави