Search

Водостојот на реките под априлскиот просек

Водостојот на сите реки во државата е под просекот за април, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најдрастично е ситуацијата кај Бабуна чие ниво е шест пати пониско од априлскиот просек, а четири пати е пониско нивото на реката Треска. Три пати понизок е водостојот на реката Струмица, а двојно се намалени водостоите на Лепенец, Крива Река, Црна река и Црн Дрим.

Малку под просекот за април се и водостоите на Охридското и Преспанското Езеро, а нешто над просекот е нивото на Дојранското Езеро.

Треба да знаете
Последни објави