Вашингтон е подготвен да одговори на присуството на руските трупи во Венецуела

Соединетите Американски Држави се подготвени да одговорат на присуството на руските војници во Венецуела, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

Говорејќи на конференцијата за медиуми по министерскиот состанок со НАТО, Помпео соопшти дека на состанокот било покренато прашањето за присуството на руските војници во Венецуела и дека за време на расправата, САД го повториле својот став оти војниците во Русија ќе мораат да ја напуштат земјата.

„Говоревме за тоа во контекст на другите напори на Русија низ целиот свет – во Украина, злонамерните активности на Русија во Сирија, во Венецуела, она што направија во Азовското море. Во секој случај, работиме сѐшто можеме за да дадеме колективен одговор. Во случајот со Венецуела, САД и нивниот одговор истотака се подготвени“, нагласи Помпео.

Треба да знаете
Последни објави