Солскјер отпишал шестмина фудбалери

Идното лето на „Олд Трафорд“ ќе има вистинска реконструкција на тимот, па голем број на играчи ќе го напуштат Јунајтед.

Британски медиум“ објави листа од шестмина фудбалери кои речиси сигурно биле отпишани и тренерот Оле Гунар Солскјер нема да смета на нивните услуги за следната сезона.

На Андер Ерера му истекува договорот и фудбалерот за врска е блиску до потпис за ПСЖ, а покрај Ерера, на списокот на Солскјер се нашле уште и Хуан Мата, Алексис Санчез, Антонио Валенсија, Матео Дармијан и Маркос Рохо.

Покрај тоа, Јунајтед ќе води голема борба да ги задржи своите две најголеми ѕвезди – Пол Погба и Давид Де Хеа за чии услуги се заинтересирани Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави