Мурињо: Погба сакаше да патува со Ролс Ројс, а не со клубскиот автобус

Жозе Мурињо и Пол Погба имаа низа на несогласувања додека Португалецот беше тренер на Манчестер Јунајтед.

Јасно беше дека Мурињо и Погба не беа во добри односи, па често Французинот натпреварите ги поминуваше на клупата за резервни фудбалери. Сега, откако Мурињо повеќе не е тренер на Јунајтед, тој откри интересен детал во врска со Погба и патувањето на клубот од Барнли за Манчестер.

„Игравме со тим кој беше оддалечен 30 километри од Манчестер и Погба ме праша после натпреварот дали може да се врати во Манчестер сам, а не заедно со екипата во автобусот. Му реков дека, да бевме во Лондон и да сакаше да остане таму, тоа би било друга работа, но ова нема смисол“, изјави Мурињо и додаде:

„Но, затоа што победивме, бев среќен и на крајот му реков барем да тргне со автобусот и да го замоли возачот да застане 10-тина минути подоцна, а потоа нека оди каде што сака. Јас заминав на прес-конференцијата, а кога завршив и тргнав кон автобусот, забележав дека веднаш до автобусот е паркиран Ролс Ројс со возач“, изјави Мурињо.

Треба да знаете
Последни објави