Kако да го спечите рчењето?

Доколку спаѓате во групата на луѓе кои рчат за време на спиењето, знаете за каков упорен проблем станува збор.

Овие предлози ќе ви ја ублажат непријатната ситуација, советуваат експертите.

Доколку не сте доволно физички активни или имате вишок килограми, почнете да вежбате и ослабете, бидејќи дебелите луѓе почесто рчат од слабите, а тоа се случува поради лошиот проток на кислородот низ организмот.

Ако сакате да се опуштите со алхокол, престанете со оваа навика, бидејќи тој ги опушта мускулите на јазикот и грлото, што делумно го блокира протокот на воздух за време на дишењето, а тоа исто така доведува до рчење.

Димот од цигарите лошо влијае на назалните канали и синуси, па препораката на експертите е да ги исфрлите и цигарите. Доколку спиете на грб, јазикот ви паѓа наназад и доаѓа до испуштање на заглушени звуци. Советот е да заспиете настрана и да го издувате носот пред спиење, бидејќи тоа ќе го подобри дишењето.

Треба да знаете
Последни објави