Чешка испорача двајца Ирачани во Австрија

Чешката полиција денеска објави дека на Австрија ѝ испорачале еден маж (30) и една жена (27) од Ирак осомничени за терористички дејства.

Тие, наводно, формирале терористичка ќелија заедно со еден човек уапсен во Австрија, кој извршил неколку неуспешни напади врз германските возови, објави АП.

Осомничените во вторникот беа предадени на австриските власти, и притоа се изјаснија за невини.

Тие беа уапсени минатата недела во Прага, според потерница од Австрија.

Треба да знаете
Последни објави