Меј и Корбин: Мора да бидеме флексибилни поради граѓаните

Британската премиерка Тереза Меј денеска имаше конструктивни разговори со лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин, со цел да се најде излез од ќорсокакот во кој западна Брегзит и двете страни покажаа високо ниво на флексибилност, соопшти Кабинетот на премиерката Меј.

– Денешните разговори беа конструктивни, а двете страни покажаа флексибилност и посветеност да се заврши моменталната неизвесност околу Брегзит, изјави портпарол по состанокот и додаде дека е „постигнат договор околу програма за натамошна работа со цел да се обезбедат работни места и да се осигура безбедноста на британските граѓани”.

Откако трипати не успеа да добие поддршка од Парламентот за нејзиниот договор со ЕУ, Меј вчера рече дека повторно ќе бара одложување на Брегзит и дека ќе разговара со Корбин за да најдат компромис.

Корбин се согласи на состанок, истакнувајќи дека царинската унија и работничките права треба да бидат приоритет. Тој претходно жестоко ја критикуваше Меј и во неколку наврати ја повика да поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави