Роналдо го издвои најголемиот квалитет на Зидан: Тоа не е воопшто лесна работа во фудбалот!

Враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид стартуваше со две победи во домашниот шампионат, причина поради која во изминативе две недели францускиот стручњак е топ тема во шпанската, но и во француската јавност која голем дел од својот слободен простор му посветува на легендарниот играч, и сега успешен фудбалски стручњак.

Eксклузивно ќе го емитува документарецот посветен на популарниот Зизу, а иако истиот е направен непосредно по освојувањето на третата последователна титула во Лигата на шампионите, овој медиум одлучи дека сега е право време за објавувањето на филмот во кој своја изјава има и Кристијано Роналдо.

Актуелната голема ѕвезда на Јувентус имаше незаборавна етапа под водство на Зидан, а што всушност тој мисли за Французинот најдобро опишува во своето излагање за документарецот.

– Мислам дека најголемиот квалитет на Зидан е интелигентниот начин на кој се справува со тимот и со сите играчи. Тоа не е воопшто лесна работа во фудбалот бидејќи сите играчи сакаат да играат многу. Но, тој знае како да работи на интелигентен начин и успева да ги сплоти сите играчи, знае како сите да ги направи среќни, – објаснува Роналдо.

Треба да знаете
Последни објави