Search

Цесната со загинатите Бугари не експлодирала, се слушнал само удар

  • Авионот Цесна во кој се возело четиричлено семејство од Бугарија, а кој исчезнал над Солунска Глава не експлодирал, изјавија за 24 инфо очевидци.

-Со жена ми бевме по мов во атарот на селото Зркле. Јас бев подолу, жена ми погоре. Слушнав нешто дека брчи. Гледам нагоре нема авион нема хекикоптер. Си реков можеви работат за водводот што ни го градат. Но не беше таков звук. Продолжи да брчи и се помалку брчеше и потоа го снема. Жема ми која беше подолу кон долот накај селото Самоков чула само тап удар. Пламен немаше. Локациски местото е во долот кај Самоков, изјави Бранко од село Тополница за 24 Инфо.

Според првичните информации, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион „цесна“ некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија. Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица. Се очекуваат повеќе информации за овој случај.

Даниела Вељановска

Треба да знаете
Последни објави