Search

(Живо)Потпишување на меморандуми помеѓу делегациите на Северна Македонија и Грција

Во Владата во тек се разговорите на премиерот Зоран Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој денеска престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Ципрас претходно беше пречекан пред Владата од Заев и владините министри. Поради доцнењето на авионот со кој пристигнаа Ципрас и десеттината министри кои го придружуваат, церемонија на пречек беше скратена.

По тет-а-тет разговорите Заев – Ципрас и меѓувладиниот состанок, двајцата премиери ќе одржат заедничка прес-конференција.

Грчкиот премиер ќе има средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Попладне ќе се одржи Бизнис форум, на кој ќе се обратат двајцата премиери.

Во делегацијата што ќе го придружува  Ципрас за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на повеќе од сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во земјава

Треба да знаете
Последни објави