Халеп ја скрати разиката до Осака на врвот

Симона Халеп ја намали разликата до светската тенисерка број 1, Наоми Осака на ВТА листата откако романската тенисерка стигна до полуфиналето на силниот тениски турнир во Мајами.

Победничката на „Ролан Гарос”, која за последен пат беше на врвот во женскиот тенис во јануари, ќе се вратеше на првото место во светот, ако се пласираше во финалето на турнирот во Флорида по раната елиминација на Осака.

Халеп го скрати заостаувањето до Јапонката на 239 поени и ја надмина Петра Квитова, откако Чехињата беше поразена во четвртфиналето од идната шампионка во Мајами – Ешли Барти.

ВТА листа, 1 април:

1. Наоми Осака (Јапонија) 6.021 поени
2. Симона Халеп (Романија) 5,782 (+1)
3. Петра Квитова (Чешка) 5,645 (-1)
4. Каролина Плишкова (Чешка) 5.580 (+3)
5. Анжелик Кербер (Германија) 5.165 (-1)
6. Кики Бертенс (Холандија) 5,050 (+2)
7. Елина Свитолина (Украина) 5,020 (-2)
8. Слоан Стивенс (САД) 4.287 (-2)
9. Ешли Барти (Австрија) 4.275 (+2)
10. Арина Сабаленка (Белорусија) 3,595 (-1).

Треба да знаете
Последни објави