Search

Трет регионален конкурс за краток расказ „Бибер”

До 10 јуни 2019 е отворен рокот за испраќање  кратки раскази на третиот конкурс „Бибер” на тема помирување.

Овојпат темата е проширена и покрај расказите кои го тематизираат помирувањето во контекст на наследството на војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, превид доаѓаат и раскази што може да придонесат за подобро разбирање меѓу луѓето, намалување на омразата и предрасудите, антивоени раскази, раскази за соочување со минатото…

Расказите може да бидат напишани на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски или на српски јазик. Повикот се однесува на афирмирани авторки и автори, како и на оние кои досега немаат објавувано. Најмалку дваесет избрани дела ќе бидат објавени во повеќејазичен зборник.

Во жирито се Лејла Каламујиќ, Румена Бужаровска и Шкељзен Малиќи. Тие ќе изберат и три раскази кои ќе освојат награда. Нивната одлука ќе биде објавена до крајот на октомври 2019 година.

Конкурсот го организира тимот на Бибер со Центарот за ненасилна акција Сараево-Белград. Повеќе информации за условите на конкурсот и наградите се објавени на страницата на Бибер   http://biber.nenasilje.org 

Треба да знаете
Последни објави