Search

Со промоција на песна и видео спот, Пендаровски ја започна изборната кампања

Со промоција на песна и видео спот, Пендаровски ја започна изборната кампања
Денеска, заедничкиот кандидат за претседател на 30 политички субјекти, Стево Пендаровски ја започна изборната кампања со промоција на видео спот за песната „Сите едно пееме“.

Веќе од утрово, спотот може да се види на сите официјални канали на Стево Пендаровски на социјалните мрежи.
Автор на музиката, текстот и аранжманот е Дуке Бојаџиев, а во изведбата се појавуваат двајцата Битолчани, Крсте Роџевски – вокал и Исмаил Лумановски – кларинет, кои како и Бојаџиев, долги години живеат и работат во Њујорк.
Стиховите на песната се инспиративни и мотивирачки со повик за заедништво и соживот, како единствен начин да изградиме иднина каква што заслужува нашата држава.

Видео спотот изобилува со кадри од убавините на Македонија, планински врвови, реки и единственото македонско зајдисонце, Охридското езеро, револуционерното Крушево, старата скопска чаршија и традициите кои се уште живеат во неа, хероите на македонскиот спорт и уште многу други.

На крајот, Пендаровски им се обраќа на граѓаните, потстетувајќи дека патот што до сега го изодевме беше долг и тежок, но и дека само обединети во една заедничка цел, можеме да продолжиме напред и да изградиме држава во која сите ќе сакаме да живееме. Пендаровски завршува со пораката: „Затоа што заслужуваме модерна, Европска држава“ на што и ја темели својата изборна програма (кампања).

Видео спотот за песната „Сите едно пееме“ можете да го погледнете на YouTube каналот на Стево Пендаровски и на сите канали на Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

Треба да знаете
Последни објави